Уапсена е Иранка која се соблече на јавно место во својата татковина во знак на протест поради малтретирањето од страна на безбедносните служби, пренесоа француските медиуми.
Младата жена, која е студентка на престижниот Универзитет „Азад“ во Техеран, била малтретирана од безбедносни агенти кои сметале дека таа не го почитува задолжителниот исламски кодекс на облекување. Во знак на протест, младата жена се соблече во долна облека пред универзитетот. Нејзиниот протест беше снимен, а видеото беше поставено на социјалните мрежи и предизвика живи дискусии. Жената е уапсена, а од нејзиното апсење, нејзината судбина останува непозната.
— Daughters of Persia (@fightforpersia) November 3, 2024
„Иранските власти мора веднаш и безусловно да ја ослободат младата жена“, напиша на мрежата Х организацијата за човекови права „Амнести Иран“, која е огранок на „Амнести интернешенел“.
NOUVELLES. L’étudiante iranienne qui s’est déshabillée en protestation contre des miliciens bassidjis qui l’avaient importunée sur son accoutrement s’appellerait #AhouDaryaei.
Inscrite en langue française dans l’unité de Science et de Recherche de l’Université Azad de Téhéran,… pic.twitter.com/fUuabzeNoL
— Armin Arefi (@arminarefi) November 3, 2024
Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро го поздрави протестот на младата Иранка.
„Ја поздравувам храброста на оваа млада жена, која делуваше како чин на отпор и се издигна до ранг на икона за борбата на жените во Иран, за борбата на жените насекаде каде што нивните права се загрозени“, изјави Баро за француските медиуми.
„Нашата амбасада во Иран многу внимателно ја следи ситуацијата“, додаде министерот, без да навлегува во повеќе детали.
Иранките се во срцето на протестното движење што уследи по смртта на младата иранска Курдка, Махса Амини, во 2022 година, откако беше уапсена поради непочитување на строгиот ирански Кодекс на облекување.
Според невладините организации, во протестите загинаа 551 лице, а илјадници беа уапсени.
Извор: МИА