Categories

ТЕРОРИЗАМ Убиен напаѓачот од Стразбур

Полицијата синоќа го убила Шериф Шекат кој го извршил нападот на божиќниот пазар во Стразбур.

„Тоа се случило во еден кварт на градот, а во текот на потрагата по него“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Според министерот, осомничениот бил забележан од припадници на полицијата како оди по улица и во обидот да го приведат тој почнал да пука врз нив. „Тогаш полицајците возвратиле и го неутрализирале напаѓачот“, рече Кастанер.

Шекат во вторникот со огнено оружује убил три лица, а 13 ранил.

Засега Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека Шакат е нивни член.

Print Friendly, PDF & Email