Властите работат на сите верзии. Не е исклучено убиството на Маринова да е поврзано со нејзината работа. Телото на новинарката беше пронајдено вчера. Маринова била брутално претепана и силувана, а потоа задушена. Таа била и административен директор на Русе ТВ.
Во единствената епизода на емисијата „Детектор“, која неодамна ја презеде Викторија, новинарката зборува за корупција и злоупотреба на фондовите на ЕУ.
Во моментов нема доволно докази за да потврдат дека грозоморното дело е извршено поради епизоди на емисијата, но верзијата не се исклучува од истражните органи.