Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц, Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството на саудискиот новинар, Џамал Кашоги.
Во реолуцијата се повикува Саудиска Арабија да преземе одговорност за сите кои учествувале во убиството, пренесе „Гласот на Америка“.
Истотака, се тврди дека Саудиска Арабија копува воена опрема и соработува со владите на Русија и Кина што, како што се наведува, може да го загрози интегритетот на воените односи помеѓу САД и Саудиска Арабија.