Во четврток, 6 јуни во просториите на ООУ „Лирија“ во Тетово, ЦИВИЛ организира креативна работилница „Обединети против насилството“ со почеток од 12 часот, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.
Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Тетово, локална самоуправа и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.
На работилница се предвидува учество на околу 25 деца од повеќе средни и основни училишта во Тетово што заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
Работилницата ќе биде проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Тетово.
По работилницата, за време на доделувањето на благодарниците пред присутните ќе се обратат градоначалничката Теута Арифи, односно претставник на Општина Тетово, претставник на СВР Тетово, како и претставници на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.