Креативната работилница „Заеднички против насилството“ што се одржа во ОУД „Лазар Лазаревски“, Велес, во организација на ЦИВИЛ, им овозможи на повеќе од 20 деца од повеќе средни и основни училишта во општината заеднички преку сликање на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање да ги пренесат своите размислувања и пораки во борбата против насилството.
https://www.youtube.com/watch?v=3KHidJgLRnU
Преку едукација и забава младите велешани проговорија за формите и начините во справувањето со насилството преку пријателство, заедничко творење, разбирање и комуникација.
Работилницата ја водеа членовите на работната група за превенција од насилен екстремизам од Велес, професорите и наставниците на учесничките и учесниците, заедно со тимот на ЦИВИЛ. Присутни беа претствници на Општина Велес и на СВР Велес.
Работиницата беше проследена со видео проекции, музика и доделување на благодарници и симболични награди за учесниците во проектните активности. На младите им посакаа успешна понатамошна работа во превенцијата од насилството и претставниците на општината и полицијата.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Б. Ј.
Монтажа: Ариан Мехмети