Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 јуни и неплатени до крајот на септември по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата се 1.976 должници правни лица и 3.786 физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).