Деца, од кои некој од нив имаат само осум години, учат да убиваат Руси и нивни приврзаници во еден камп што го основа украинската радикална националистичка група, пишува Асошиејтед прес.
Кампот кој е сместен во шума во западниот дел на Украина, беше посетен од новинарите од АП, каде што децата се обучуваат со автоматски пушки.
Целите на кампот се обука на децата за одбрана на земјата и ширењето на националистичката идеологија.
Националистите беа обвинети за насилство и расизам, но и натаму сè уште се столб на волонтерските одреди во борбата против проруските бунтовници во источниот дел на земјата и одржуваат врски со владата во Киев, додава агенцијата.
Претходно оваа година, украинското Министерство за млади и спорт одвои околу 150 000 американски долари за финансирање на некои од националистичките младински кампови.