Унгарските медиуми информираат дека Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе има донесено одлука за барањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
Но, дали барањето е прифатено или не се уште не е познато. Дел пак од македонските медиуми, блиски до ВМРО ДПМНЕ веќе излегоа со информација дека барањето е прифатено.
Во меѓувреме, барањето за екстрадиција на обвинетиот Груевски ќе биде испратено во Унгарија денеска или најдоцна утре. Покрај потребната документација за предметот „Тенк“ во кој Груевски е осуден на двегодишна затворска казна, на унгарските власти ќе бидат доставени документи и за сите обвиненија и истражни постапки што се водат против него.
К. С.