Управниот суд на седница одржана на седми мај годинава донесе пресуда со која тужбата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев се усвојува, а Одлуката на Влада со која се поништуваат 88 решенија за распоредување на работно место се поништува.
Тужбата на министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од негова страна.
Претходно Државната комисија за корупција и судир на интереси донесе Одлука во која Владата го прекршила член 8-а став 1 од Изборниот законик со донесување Одлука за поништување решенија за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и работни задачи со која се поништува Решение за именување на началник во Сектор за внатрешни работи, биро за јавна безбедност од страна на министерот за внатрешни работи, затоа што е донесена на 18.02.2020 два дена по донесено Решение за распишување на предвремени парламентарни избори.