• Latest

Уште најмалку 200 згрижувачки семејства се потребни за секое дете да има соодветна грижа

July 23, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уште најмалку 200 згрижувачки семејства се потребни за секое дете да има соодветна грижа

July 23, 2018 08:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Уште најмалку 200 згрижувачки семејства се потребни за да се обезбедат соодветни услови за децата кои се без родители и родителска грижа, а не можат или потешко можат да бидат посвоени. Бидејќи се работи за деца во различен ризик, на различна возраст и со различни потреби во однос на должината и видот на сместувањето во згрижувачко семејство, од Министерството за труд и социјална политика велат дека е потребно е да се развие достапна мрежа на згрижувачки семејства во сите градови со што ќе се овозможи детето да продолжи да живее во познато опкружување.

Од МТСП посочуваат дека главен мотив за згрижување на дете во своето семејство првенствено е желбата да се помогне на децата кои од најразлични причини биле напуштени или одземени од нивните родители.

Со цел да се зголеми бројот на вакви семејства, Министерството и УНИЦЕФ почнаа кампања што има за цел и да ја покрене свеста на јавноста дека само грижлива семејна средина може да им ја даде негата и поддршката која им треба на децата и на која имаат право и да ги поттикнат граѓаните да ги отворат своите срца и домови и да згрижат дете без родители и родителска грижа.

Министерство за труд и социјала.jpg

– Во овој процес згрижувачите не се сами, грижата за децата е одговорна работа за чие извршување покрај љубовта и желбата да се помогне на децата, на згрижувачите им е потребна материјална и стручна помош која секогаш ја добиваат од надлежните Центри за социјална работа. Ангажманот и залагањето на локалната заедница исто така треба да биде во насока на мотивирање и поддршка, како на постојните, така и на потенцијалните згрижувачки семејства, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Изминатите неколку недели околу 200 заинтересирани граѓани се јавиле на отворената телефонска линија 15133 во рамки на Кампањата.

Мајмире

Мајмире е згрижувач на дете, која зборува во видео од кампањата „Семејство за секое дете“, објавено од УНИЦЕФ. Таа имала свои пет деца, но, само едно и преживеало. Згрижила девојче кое кога го зела имало сплескана главичка, искривени нозе и не можело да оди.

– Само со гушкање, понекогаш и по 30 пати на ден, само тоа ја спаси, вели Мајмире.

Таа додава дека и да си финансиски јак и да изградиш вила, зграда, нема толкава вредност и оти вистинската вредност е да одгледаш дете.

На предноста децата без родители и родителска грижа да живеат надвор од големи институции за кампањата на УНИЦЕФ говори и Силвана Ивановска која е исто така дете без родители и родителска грижа и порано била згрижена во СОС Детско село.

Силвана Ивановска

– Детето е најневиното суштество кое зависи од одлуката на родителите, а децата без родители и родителска грижа зависат од одлуките на институциите. Од лично искуство препорачувам функционален систем кој ќе овозможи адекватна грижа и секое дете да расне во семејство. Не сместувајте ги децата во големи институции. Помогнете им да раснат во семејства. Ајде заедно да допреме до оние кои имаат можност да направат промена, затоа што на секое дете му треба семејство, вели таа.

Во моментов во Македонија има 172 згрижувачки семејства во кои се згрижени 274 деца. Висината на надоместокот за згрижување на дете без родители и родителска грижа изнесува  8.550 денари, за дете со воспитно социјални проблеми 9.870 денари, а за згрижување на деца со попреченост 11.190 денари. Децата згрижени во семјства имаат право и на детски додаток, а децата со попреченост добиваат и посебен додаток.

11 октомври

Деца од 0 до 18 години, сместени во институции има во повеќе установи, во зависност од возраста, потребите, здравствената состојба… Во Установа за сместување на доенчиња и мали деца без родители и без родителска грижа до три годишна возраст во Битола има 65 деца од 0-3 годишна возраст,  a 38 деца од 3 до 18 години во установа за  сместување на деца без родители и без родителска грижа над тригодишна возраст и на младинци „11 Октомври“ Скопје.

Во установата за сместување на деца и младинци со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“, Скопје има 25 деца, 15 се згрижени во установа за сместување деца и младинци со нарушено поведение „Ранка Милановиќ“, Скопје. Девет деца со попреченост се згрижени во установа за сместување на деца и младинци со умерени и тешки пречки во менталниот  развој „Специјален завод“ Демир Капија, 15 деца со физичка попреченост во установа за сместување на деца и младинци со пречки во телесниот развој во Бања Банско, а 35 деца со попреченост во установа за сместување на лица  со пречки во менталниот  развој Топанско поле, Скопје.

Во тек е процес на деинституционализација, односно затворање на гломазните институции и сместување и на возрасни и на деца штитеници во мали групни домови, но приоритет МТСП дава на малите деца до три години. Според програмата на Министерството до 2020 година сите деца на возраст до три години треба да се извадат од институциите и да бидат сместени во мали групни домови, згрижувачки семејства или во друг вид соодветно сместување.

семејство

Владата даде јавна заложба дека до 2020 година нема да има ниту едно дете до тригодишна возраст сместено во институција и МТСП, велат оттаму, ќе ги искористи сите потребни ресурси и поддршката од партнерите како Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ и УНДП, да се реализира оваа заложба. Нашата цел е  заштита на децата за кои овој период од животот е најбитен за нивен правилен развој.

Славица Стефановска за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ