УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„ Најоригинален излезе охриѓанецот кој истураше „вегета“ во студиото на ТВ24 и кандидатот на Интегра кој во „Утрински брифинг“ на прашањето зошто струмичани би го гласале, искрено одговори: „Па, не знам ни јас, и јас се прашувам!“ … Ах, да, и еден-два инциденти на Левица, ама и тие површни и лошо одглумени, каква што им е партиската понуда. Имаат, додуша, уште два-три дена време да смислат и изведат и нешто полошо, бидејќи тоа дно никогаш не треба да се потцени. “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Уморна Македонија”.
Жените мислат повеќе, имаат моќ да се концентрираат на повеќе работи истовремено, а нивните мисли се далекусежни и длабоки.
Дали затоа ги нема во политиката? На кандидатските листи во изборните процеси во Северна Македонија никогаш не се ни приближуваат до застапеност која е барем приближно правична, што е и законска обврска. На локалните избори 2021, бројот на кандидатки за градоначалничката функција и за советници е срамно низок. Поставени се така што нема шанси ни да стасаат до функции. А за тие што се фаворитки, црната десничарска пропаганда се потруди да ги оцрни до неподносливи граници, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Лажното удопство на тапоглавоста“.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #15, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (среда, 13 октомври). „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ
ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, в петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.
Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.
ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
ОБУКИ Во текот на денот, организацијата ќе одржи онлајн обука за изборните набљудувачи. Сите членови, поддржувачи, соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ се повикуваат редовно да ги следат рубриките АКЦИЈА, ИЗБОРИ, МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска, советничката листа на Зелен Хуман Град и членката во Советот на Виена од Австриската зелена партија, Хајди Секвенц на тема „Кале – културна тврдина“ на Скопското кале.
Прес-конференција на Твоја партија пред седиштето на партијата во Скопје.
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Куманово.
Изборни активности на Движењето Беса во Чаир.
Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Чучер Сандево, а централни настани каде ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Велимир Смилевски ќе се одржат во Бутел , и во Гази Баба каде ќе се обратат Заев и кандидатот за градоначалник Борис Георгиевски. Во рамки на вториот караван во Велес ќе се обратат потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Ранковце, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.
НАСТАНИ
ПОСЕТИ: Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон во дводневна посета на Република Северна Македонија.
– Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, по повод учеството на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT”