fbpx
Социјални мрежи
Социјални мрежи
Победничката фотографија на Јулија Кочетова. Фото: Инстаграм
Фото: миа.мк

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

ВАЖНО

Ние, ЦИВИЛ, како издавачи, сме одговорни за нашата сопствена содржина на нашата веб-страница согласно законот. Меѓутоа, постојат делови од оваа веб-страница што се одговорност само на авторките и авторите или на оние кои за медиумската платформа дале свои изјави и интервјуа. Ова особено се однесува на делот МИСЛА, како и на изјави и интервјуа во други делови на веб-страницата.

ЦИВИЛ ќе се обиде секоја информација да ја провери, но не презема одговорност за лични мислења и информации обезбедени од надворешни извори (како новински агенции, социјални мрежи, други медиуми, соопштенија на институции и организации итн.).

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата. 

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Целосен исклучок од овие правила претставува „Слободен печат“ со кој медиумската платформа на ЦИВИЛ има долгогодишна соработка.

 

Општо

Оваа политика се однесува на сите страници и онлајн услуги на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Ние, преку нашата веб-страница www.civilmedia.mk не прибираме лични податоци, како што се адреси, e-mail контакти, итн., освен доколку доброволно не одлучите да ни ги обезбедите ваквите податоци преку целни онлајн формнулари, на пример, со пријавување за одреден настан, гласило, публикација или со испраќање на коментар.

Ние чуваме одредена евиденција за поединци кои нé контактираат преку е-пошта, телефон или писмо за евентуали понатамошни информации или за помош во случај да треба подоцна да ги контактираме истите. Ние не продаваме ниту изнајмуваме веб генерирани мејлинг листи или други лични информации. Лични податоци ќе бидат препратени до партнери исклучиво со претходно известување и согласност на засегнатите страни.

Ние строго се спротивставуваме на користењето на објавени контакт податоци од трети лица за потребата од праќање несакани реклами. Како издавач, го задржуваме правото да превземеме правно дејство во случај на несакани електронскии пораки, спам или испраќање на било какви рекламни информации.

Доколку во било кое време сакате да се одјавите од нашата вебстрана или од било која друга услуга што ја нудиме, доколку имате било какви прашања во однос на вашите лични податоци кои ние ги чуваме (потекло, цел на користење, примачи, итн.), доколку сакате да ве избришиме или да ги блокираме вашите податоци, или во случај да сакате да не известите за промени во вашите лични податоци, ве молиме да не контактирате преку [email protected].

Преземањето на содржините од медиумската платформа на ЦИВИЛ не е дозволено

Преземањето на содржините од www.civilmedia.mk, www.civilalb.info (www.drejt.mk), www.rtvcivil.mk и www.civil.today НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. Исклучок од ова правило се организации, односно редакции со кои ЦИВИЛ има соработка што подлежи на повремени евалуации и промена на условите на соработката.

Не е дозволено преземање на целата содржина во ниеден случај. Можно е преземање од максимум 50% од содржината, доколку се работи за текст, но и со претходна претходна согласност од ЦИВИЛ. Видео содржините кои се преземаат, мора да бидат со линк до изворот, а никако симнати и преобјавени на некој друг сајт или видео канал. На крајот од преземената содржина, се става линкот до конкретната содржина што се презема. Пример: Прочитајте го текстот во целост на следниов линк (копирајте го линкот од конкретната содржина).

Преземањето на содржините од другите делови на медиумската платформа на ЦИВИЛ, како што се веб страниците www.greencivil.mk, www.clp.mk, www.freedom.mk е возможно само врз основа на претходна согласност на ЦИВИЛ и на тој начин што над преземената содржина (текст или видео), на почетокот се истакнува линкот до почетната страна на сајтот. Така, доколку преземениот текст е изворно објавен на www.greencivil.mk, се става токму тој линк.

Авторски права

Сите содржини објавени на оваа веб-страница се сопственост на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Ние се стремиме кон почитување на правата на интелектуалната сопственост за сите објавени графички податоци, видео записи, илустрации и текстови и кон користење самопроизведени или нелиценцирани графички податоци, видео записи, илустрации и текстови. Секоја заштитена трговска марка и заштитен знак подлежат на сопственичките права на соодветните регистрарирани сопственици. Ова секако не значи дека заштитениот знак не е заштитен од страна на правата на трети лица.

Авторското право на било кој материјал создаден од страна на издавачот на оваа веб-страница останува исклучиво на издавачот. За секое дуплирање или употреба на графички податоци, видео секвенци и текстови во други електронски или печатени публикации потребно е претходно писмено одобрување од ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Соопштенијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода и други содржини што произлегуваат од работата на организацијата се објавуваат на www.civil.org.mk и може да се преземаат во целост, според лиценцата Creative Commons 4.0. Сите останати содржини се преземаат во согласност со условите опишани погоре.

Доколку корисниците не се придржуваат до условите за преземање, ЦИВИЛ го задржува правото тие содржини да ги наплати, без предупредување.

Содржините кои ЦИВИЛ Медиа ги објавува од други извори, за што секогаш има конкретен дисклејмер, не се дозволени за преземање. На пример: содржини од МИА или kolektif.mk не се дозволени за преземање.

Доколку редакциите се заинтересирани за поинаков вид аранжман, потребно е да се обратат по писмен пат до ЦИВИЛ – Центар за слобода, на [email protected]. За повеќе информации, јавете се на 02 / 5209 176.

 

Автоматско откривање на податоци од интернет- пребарувач

За информативна употреба на нашите услуги, општо, не е неопходно да се обезбедат лични податоци за идентификација. За таква употреба, ние ги прибираме и употребуваме податоците кои вашиот интернет-пребарувач автоматски ни ги пренесува:

  • Датум и време на пристап до една од нашите веб-страници;
  • Вид на пребарувач;
  • Подесување на пребарувач;
  • Оперативен систем што се користи;
  • Веб-страницата што ја посетувте пред да бидете пренасочени кон нашата веб-страница;
  • Количината на пренесени податоци и статус на пристап (“датотека не е пронајдена”, ”пренос на датотека”, итн.);
  • Вашата ИП адреса;

 

Ние прибираме и користиме вакви податоци во текот на една информативна посета на нашата веб-страница, исклучиво во облик на нелични податоци. Ова се врши автоматски за да се овозможи користењето на нашата веб-страница, како и за да се подобрат наште веб-базирани услуги.  Ние ја зачувуваме ИП адресата само за времетраење на вашата посета. Не се врши индивидуална проценка на овие податоци.

 

Употребата на колачиња

За нашата бев-страница ние ја користиме техниката на “колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се испраќаат како дел од вашата посета на нашата вебстраница, од страна на нашиот веб сервер до вашиот пребарувач. Вашиот пребарувач ги складира на вашиот компјутер за понатамошно пребарување на нашата вебстраница. Повеќето од овие колачиња се т.н. “колачиња за сесија“ (познати и како “привремени колачиња”), кои се складираат исклучиво за времетраењето на користењето на нашата веб-страница. Целта на овие колачиња е постојано да се идентификува вашиот компјутер кога се префрлате од една од нашите веб-страници на друга, како и за да може да се одреди крајот на посетата. Овие колачиња се бришат откако ќе го затворите пребарувачот. За да се одреди дали колачињата можат да бидат поставени и преземени од вашиот пребарувач, можете да го прилагодите соодветното подесување во вашиот пребарувач. Можете, на пример, општо да го онезвозможете зачувувањето на колачињата во вашиот пребарувач, да го ограничите на одредени веб-страници или да го конфигурирате вашиот пребарувач автоматски да ве известува кога ќе се постави колаче и да ви побара потврда за тоа.

Меѓутоа, за да се има корист од целосната функционалност на нашата веб-страница, од технички причини неопходно е да се овозможи употребата на колачиња. Во овој контекст, ние нема да собираме ниту ќе складираме лични податоци од колачињата. Исто така, не користиме било какви техники кои ги поврзуваат акумулираните информации од колачињата со лични кориснички податоци.

 

Twitter (Твитер)

Нашата веб-страница содржи и плагин за поврзување со комуникациската платформа Twitter Inc (Твитер.), 1355 Market St, Suite 900, San Francisco, CA 94103, USA (во понатамошниот текст: Twitter). Овој плагин се прикажува преку логото на Twitter, вклучувајчи ги изразот “Tweet”. Преку употребата на Twitter и функцијата “Re-Tweet”, веб-страниците кои ги посетувате се поврзани со вашиот профил на Twitter и се соопштува на други корисници на Twitter. Во овој процес, исто така, податоци се пренесуваат и на Twitter. На пример, Twitter добива информација дека сте ја посетиле нашата веб-страница. Доколку кликнете на копчето “Tweet” додека сте логирани на вашиот профил на Twitter, можете да ја линкувате содржината од оваа веб-страница на вашиот профил на Twitter. Ова му овозможува на Twitter да ја додели вашата посета на нашата веб-страница на вашиот профил на Twitter. Сакаме дека истакнеме дека ние, како провајдери на оваа веб-страница, немаме никакви сознанија за точната содржина на податоците што се пренесува на Twitter и понатамошната употреба на таа содржина преку Twitter. За повеќе информации, ве молиме погледнете ја изјавата за приватност на Twitter на http://twitter.com/privacy. Можете да ги промените вашите подесувања за приватност на Twitter во поседувањата на вашиот профил на следниот линк http://twitter.com/account/settings.

 

Youtube (Јутјуб)

Ние на нашата веб-страница користиме компоненти (видеа) на YouTube, LLC 901 Cherry Ave., 94066 San Bruno, CA, USA, компанија која припаѓа на Google Inc., Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA.

Кога ќе прикажете страница која содржи видео запис, ќе се направи врска со серверот на YouTube и содржината ќе се појави на веб-страницата преку комуникација со вашиот пребарувач.

Понатамошни информации во однос на заштитата на податоци од страна на YouTube се обезбедени од страна на Google под следниот линк: https://www.google.de/intl/de/policies/privacy/

 

Google Analytics (Гугал Аналитика)

Ние користиме Google Analytics, веб-аналитична услуга што ја обезбедува Google, Inc. Google Analytics користи колачиња, кои се текстуални датотеки сместени на вашиот компјутер за да и помогне на веб-страницата да анализира како корисниците ја користат страницата.

Информациите генерирани со колачето за вашето користење на веб-страницата (вклучувајчи ја вашата ИП адреса) ќе бидат препратени до Google каде истите ќе бидат складирани на сервери во САД. Меѓутоа, оваа веб-страница Google Analytics е дополнет со шифрата “_ anonymizeIp” која што е обезбедена од страна на Google за да се осигура дека ИП адресите се зачувуваат во анонимна форма. Пред трансферот, последните две бројки од ИП адресата се кратат за да може да се идентификува корисникот. Google ги користи овие информации за да изврши евалуација на вашата употреба на веб-страницата, за прибирање извештаи за активноста на веб-страницата за операторите на веб-страници, како и за обезбедување други услуги во однос на активноста на веб-страницата и користењето на интернетот. Google, исто така, може овие информации да ги пренесе на трети лица, онаму каде тоа се бара со закон или каде ваквите трети лица ги обработуваат информациите во име на Google. Google нема да ја поврзе вашата ИП адреса со било какви други податоци што ги има Google.

Употребата на колачиња можете да ја одбиете со селектирање на соодветните подесувања на вашиот пребарувач, меѓутоа, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да можете да ја користите целосната функционалност на веб-страницата доколку го сторите тоа. Понатаму, можете да ги спречите прибирањето и употребата на податоци (колачиња и ИП адреси) преку Google со преземање и инсталирање на плагин на пребарувачот достапен на линкот https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en-GB. Употребата на Google Analytics можете да ја одбиете со кликање на следниот линк: Disable Google Analytics. На компјутерот ќе биде поставено колаче за откажување, што спречува понатамошното прибирање на ваши податоци при посета на оваа веб-страница.

Понатамошни информации во однос на условите за користење и приватност на податоците можете да најдете на следните линкови: http://www.google.com/analytics/terms/gb.html или на https://www.google.de/intl/en_uk/policies/.

Со користење на оваа веб-страница, вие се согласувате на обработката на податоци за вас што Google ја прави на начин и за целите наведени погоре.

Оттука, посетата на нашата веб-страница може да резултира со складирање на одредени информации на нашиот сервер, како и на сервери што ги користи Google. Меѓутоа, ние нема да анализираме лични информации и слични технички информации (ИП адреса, податоци за пребарувачот, компјутерскиот оперативен систем, итн.). Личните податоци ќе бидат складирани на нашиот сервер само со претходна согласност на корисникот на веб-страницата – овие податоци понатаму нема да бидат препратени на трето лице без претходна согласност на корисникот кој е во прашање.

 

Безбедност на податоци

Сакаме да истакнеме дека постојат неразделни безбедносни ризици при пренесување податоци преку интернет, како што се електронските пошти или посета на веб-страници со користење на лични информации. Ова подразбира безбедносни слабости, бидејќи невозможна е целосна заштита од пристап на трети лица. Ве молиме имајте во предвид дека нашата веб-страница е обезбедена со SSL со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап од страна на трети лица до податоци што ни се пренесени нам. Согласно горе-наведеното, ние ќе ги заштитиме податоците на корисникот. Како последица на погоре споменатото, ние не можеме да преземеме одговорност за било каква штета која може да настане како последица на безбедносни слабости, ниту пак за било какви поврзани пропусти од наша страна.

Ние, исто така, правиме сé што е во наша моќ да ги заштитиме корисничките информации и офлајн. Сите ваши информации се ограничени. Само вработените на кои им се потребни информациите за вршење на одредена задача имаат пристап до личните податоци.

Доколку имате било какви прашања поврзани со оваа политика, ве молиме обратете се кај:

ЦИВИЛ, Максим Горки 31/1, 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон: +389 2 5209 176
или пишете на [email protected]

 

Ограничување на одговорноста за внатрешна содржина

Содржината на нашата веб-страница е внимателно и совесно составена. Сепак, не можеме да превземеме било каква одговорност за да гарантираме дека сите податоци се ажурирани, целосни или точни.

Ние, ЦИВИЛ, како издавач, сме одговорни за нашата сопствена содржина на нашата веб-страница согласно законот. Меѓутоа, постојат делови од оваа веб-страница што се одговорност само на авторките и авторите или на оние кои за медиумската платформа дале свои изјави и интервјуа. Ова особено се однесува на делот МИСЛА, како и на изјави и интервјуа во други делови на веб-страницата.

ЦИВИЛ не презема одговорност за лични мислења и информации обезбедени од надворешни извори.

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата. 

Ние не сме обврзани да следиме информации од трети лица што се објавени или складирани на нашата веб-страница или на други онлајн канали.

Откако ќе дознаеме за конкретно прекршување на законот, веднаш ќе постапиме кон отстранување на содржината која е во прашање.

Секоја одговорност од еден ваков случај може да се претпостави само од моментот кога стануваме свесни за прекршокот.

 

Ограничување на одговорноста за надворешни линкови

Нашата веб-страница содржи надворешни линкови кон веб-страници на трети лица. Бидејќи овие веб-страници не се под наша контрола, не можеме да прифатиме било каква гаранција за нивната содржина и точност. Сопствениците и/или провајдерите на веб-страниците кои се линкувани се одговорни за нивната содржина и точност. Во моментот кога овие надворешни линкови беа поставени, не ни беше познато за било какви прекршувања на законот. Доколку дознаеме за било какво прекршување на законот, веднаш ќе ги избришиме линковите кои се во прашање.

Print Friendly, PDF & Email