• Latest

Уставниот суд годинава решил 173 предмети, укинал пет законски одредби, од средина на јануари останува со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

December 30, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд годинава решил 173 предмети, укинал пет законски одредби, од средина на јануари останува со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

December 30, 2021 13:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години, информира претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција.

За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети од што биле решени, а тоа, како што посочи, било случај во 2017, 2019 и 2020 година.

Најголем дел од новопримените предмети оваа година, информира Кацарска, се однесуваат на оценка на уставноста или законитоста, десет се барања за заштита на човековите права и слободи. Поведени се 13 постапки по кои се донесени четири одлуки за укинување, а девет предмети се уште се во постапка.

– Уставниот суд годинава одржа 37 седници. Споредбено со 2020 е за две седници повеќе или 2021 пандемиска година биле одржани поголем број седници отколку во годините пред пандемиајта. Оваа година Уставниот суд укина пет законски одредби и тоа: одредба од законот за аудиовизуелни медиумски услуги, одредба од закон за градење, дел од закон за семејство, одредба од закон за комплементарна и алтернативна медицина и одредба од законот за банки, како и четири други прописи и тоа: правилник на Министерство за одбрана, одлука за ДУП на Општина Центар, правилник за стоматологија, и одлука за донесување ДУП на Општина Карпош, информира Кацарска.

Во текот на 2021 година, додаде, решени се 14 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, а по четири барања се одржале јавни расправи што исто така било реткост во годините претходно.

– Волјата за ажурно и квалитативно унапредување на работата на судот се согледува и од фактот дека последнтие две години беа одржани вкупно осум подготвителни седници кои не биле одржани воопшто од 2013 до 20202 година, ниту една цели седум години. Се работи за аседници на кои биле разгледувани спорни рпашања за рпедмети кои имаат општествено значење. Подготвителни седдници за законот за употреба на јазиците, закон за Преспаснкиот договор, закон за Јавното обвинителство, за попис на населението. Уставниот суд одлучуваше и по закони кои беа оспорени, а се важни за граѓаните и од стратешко значење за држава – како закон за банки, закон за стратешки партнер за коридор 8 и 10…, соопшти Кацарска.

Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

Таа на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот.

– Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење барам и апелирам до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што следствено значи губење на доверба во правниот систем, нагласи Кацарска.

За да има одлука, посочи, потребни се најмалку петмина судии, но никој не може да грантира дека сите петмина ќе бидат едногласни во одлуките, а и не е правило затоа што квалитетните одлуки се засновани врз дебата, различни мислења и толкувања.

– Сериозна ќе биде состојбата доколку судот биде доведен да одлучува во неколку исклучителни ситуации за кои е нужно дво-третинско мнозинство, односно шест судии, тоа е случај за имунитет и одговорност на претседателот на државата и избор на претседател на Уставен суд. Оваа состојба веќе се одразува со негативен ефект врз работата на Судот. Изминатиот период беа целосно одложени 11 предмети за кои се чека полн состав. Полн состав чекаат деловникот за работа на Владата, предмети за слободи и права, закон за ЈО, закон за даноци за моторни возила за данокот за конзуларни претставници, закон за процена, одлука за додатокот на пратениците, ДУП Гостивар, закон за облигациски односи, закон за високо образование итн., информира Кацарска. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ