Пет гласаа за, со цел да се потврди дека сите луѓе се еднакви. Одлуката на деветчлениот Уставен суд дојде по тужбите од два истополови парови, кои сакаа да стапат во брак.
Пет члена гласаа за, а четворица се изјасниле дека ова прашање треба да биде дебатирано во Парламентот. Истополовите бракови се веќе легални во Аргентина, Бразил, Колумбија и Уругвај.
Прослави избија во Кито и во Гвајакил, втор по големина град во Еквадор, откако одлуката беше објавена во средата.
„Тоа значи дека Еквадор е повеќе рамноправен … Тој признава дека човековите права мора да бидат за сите луѓе без дискриминација“, рече адвокатот Кристијан Паула од фондацијата “Патка”, која претставува неколку истополови двојки кои сакаат да стапат во брак. Еквадорската федерација на ЛГБТИ организации, исто така, го поздрави овој чекор.