„В џеб, ако нема каде друго“, е акцијата која активистите и волонтерите на движењето ЛЕАД, ќе ја спроведат денес од 13 часот за чистење на Етно Село од отпадоци.
„Целта на оваа акција ќе биде подигнување на јавната свест кај граѓаните и ќе овозможи младите од различни етнички заедници да работат заедно за заштита на животната средина“, велат организаторите.
Претходно вакви акции за чистење на отпадоци беа реализирани во Гази Баба, Матка и на Водно.
Овој проект е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.
А.П.