„Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март“, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион.
Прашан дали во исто време ќе бидат погребите во сите градови и села низ Брегалничкиот регион, од каде што има загинaто деца и возрасни во пожарот во дискотеката во Кочани, Ангелов вели дека погребите ќе бидат во различен временски период, пренесе МИА.