АСТРИТ ИСТРЕФИ
Постојат бројни формални и неформални процеси на преговори/дијалог што се одвиваат помеѓу различни актери во и помеѓу земјите на Западен Балкан (ЗБ).
Меѓу оние кои се во тек или скоро склучени се дијалогот Косово-Србија, кој продолжува повеќе од една деценија и кој резултира во бројни постогнати договори, како и Северна Македонија – Грција, кој резултираше со договор што стави крај на спорот со името помеѓу двете земји. Меѓутоа, примери од регионот покажуваат дека постигнувањето на договор не претстсавува крај, туку почеток на фундаментален процес. Всушност, на имплементација.
Меѓутоа, клучна работа што треба да се има во предвид е дека ваквите процеси се ставени под сериозен предизвик од различни политички и други актери (внатрешни и надворешни), кои или не веруваат, не разбираат или се спротивставуваат на какво било вин-вин сценарио преку промовирање на игра со сума нула или ситуација победи-изгуби.
Две децении подоцна – националистичката и воената реторика сé уште е присутна
Сепак, нашиот регион е многу специфичен.
Две децении по крвавите војни, кои оставија стотици илјади жртви, илјадници силувања, уништени приватни имоти и економии и уништени соништа за многу генерации, националистичката и воената реторика сé уште е присутна. Договори постигнати во минатото, вклучувајќи ги оние постигнати за ставање крај на војната/конфликтот, сé уште не се целосно спроведени и не се нужно во корист на граѓаните.
Минати војни, националистичка реторика и наративи за поделба кои траат со децении и векови, за жал, ја претворија нашата ДНК во нешто многу опасно за нашата иднина. Не се колебаме да глорифицираме една нација над другите; дискриминирајќи и создавајќи непријатели од нашите соседи затоа што имаат различно потекло од нашето, без разлика дали е тоа етничко, културно, јазично, религиозно итн.; поттикнувајќи поделба, омраза и предрасуди и создавајќи наративи дека нашите нации/земји никогаш нема да бидат мирни и просперитетни затоа што нашите соседи нема да ни дозволат.
Тоа што ни треба се прогресивни, визионерски и храбри лидери
Во состојба на заострени тензии во и помеѓу земјите на Западен Балкан – на коишто сме сведоци во изминатите неколку месеци – тоа што ни треба се прогресивни, визионерски и храбри лидери кои се способни да градат коалиции преку границите, заедниците и поделбите и да дејствуваат заедно во осудувањето и спротивставувањето на воената реторика. Ваквите лидери се меѓу заедниците, граѓанското општество, медиумите, политичките партии, приватниот сектор и академијата.
Денес не ни е потребно ниту оружје, ниту војници кои слепо следат неодговорни лидери кои покажуваат мускули на сила или повикуваат на војна.
Тоа што ни треба во овие тешки времиња на сите нас и нашите општества е да се дејствува одговорно, да се издигнеме над оние кои сакаат војна и деструкција, да градиме мостови и соработка, да градиме единство и да преземеме заедничка акција со цел реализирање на нашиот сон каде што нашите општества можат да водат мирен и исполнет живот. Ни требаат лидери кои сакаат и проактвно бараат начини за постигнување и спроведување договори за доброто на идните генерации, за просперитетна иднина за сите.
Несигурна иднина
Тие кои беа сведоци на ужасот од војните во 90-тите години и кои ги претрпеа нивните последици најверојатно ќе ја напуштат земјата во потрага по безбедно засолниште на друго место. Младите веројатно ќе бидат инструментализирани, како што беше случај во минатото, да посегнат по оружје. Денес, дури и да немаме жртви како што имавме во минатото, ќе бидеме сведоци на подлабока поделба, повеќе омраза и понесигурна иднина, подготвени за искрата да се претвори во уште еден кошмар. Прашањето тогаш е кога, а не доколку.
Денес, немаме многу опции. Мора да направиме избор. Или ќе дозволиме оваа ситуација да се одвива додека ние сме само гледачи и си ја гледаме својата работа, или во најлош случај бараме начини да ги напшуштиме своите земји и да ги обвиниме оние кои ја уништиле нашата иднина. Или, ќе преземеме акција за спречување на уште еден насилен конфликт.
Активист од граѓанска организација еднаш ми рече: „Бев млад и глупав во 90-тите и не бев свесен дека бев претворен во машина за убивање. Не можам да најдам зборови за да изразам колку ми е жал за тоа што го имам сторено. Моето минато ми стана мојот најлош кошмар што ме спречува да живеам или да градам семејство. Сфаќам дека не можам да го променам минатото. Но, си ветив себеси дека ќе сторам сé што е потребно да не дозволам истото да се случи повторно на младите кои се отруени со омраза“.












