• Latest

Вечерва ќе се разгледуваат предлозите за новата влада, напад на новинар „не се признава без ќотек“, над 50 поплаки до РКЕ

January 10, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Вечерва ќе се разгледуваат предлозите за новата влада, напад на новинар „не се признава без ќотек“, над 50 поплаки до РКЕ

January 10, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Тупанчевски нов министер за правда и четири жени министерки во новата влада се изборот на мандатарот Ковачевски

Професорот на Правен факултет,Никола Тупанчевски е големото изненадување кое Ковачевски го чуваше во најголема тајност, а кој ќе биде предлог за иден министер за правда. Пратеничките Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска, експратеничката Славица Грковска, како и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска се изборот на мандатарот Димитар Ковачевски за министерки во новата влада за кои тој вечерва ќе побара поддршка од извршниот и од Централниот одбор на СДСМ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Чадиковски: Што добивме ние од 27 април – ние добивме уште една порака дека сме спречени да ја водиме нашата работа онака како што граѓаните заслужуваат. И не сме овде за да бараме солидарност од граѓаните, туку стоиме освестени дека ова е наш заеднички проблем, на нас новинарите и на јавноста, на која треба да ѝ служиме. Затоа е ова должност на сите и затоа инсистираме на правда. Правда за 27 април и заради нас и заради оние што ги претставуваме и заради кои постоиме, рече претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски

Нова рубрика „Брза пошта“ – Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни! 

Цивилмедиа.мк воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРИГОВОРИ По повикот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија дека може да поднесат приговор до  РКЕ,  до комисијата пристигнати се над 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на греење од страна на потрошувачи за БЕГ.

ПРИЗНАНИЕ Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска доби признание од Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Северна Македонија за нејзиното лидерство во процесот на зачленување на нашата држава во Алијансата и за визија за развој на одбраната и на Армијата согласно стандардите на Алијансата.

ПРОШИРУВАЊЕ Во Софија започна состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија Румен Радев, на тема „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.

ДЕБЛОКИРАЊЕ  Висок дипломатски извор за МИА денеска објасни дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. На прашање дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, дипломатот објасни дека Париз досега се покажа многу активен за деблокирање на ситуацијата меѓу Скопје и Софија.

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција.

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ Меѓународната организација на трудот (МОТ) го реализираше тригодишниот Проект за зајакнување на социјалниот дијалог (јануари 2019 – декември 2021), финансиски поддржан од Европската Унија, чија цел е да придонесе во создавање повеќе и подобри работни места. Како што соопшти Канцеларијата на МОТ во земјава, проектот го поддржа учеството на институциите за социјален дијалог во креирањето политики на национално и на локално ниво и практиката на редовни консултации преку националниот и локалните економско-социјални совети.

САД-РУСИЈА На денешниот состанок на билатералниот дијалог за стратешка стабилност со Русија, САД ќе ги сослушаат ставовите на Русија и ќе ги претстават своите, но нема да разговараат за безбедноста на Европа без своите сојузници и партнери, објави денеска на Твитер заменик-државниот секретар на САД, Венди Шерман, со фотографија од почетокот на средбата со заменик-шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Очекувањата се големи за почетокот со работа и усогласената програма со јасни цели за исполнување на ветувањата и договорите меѓу трите коалициони партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива за составот на новата влада. На програма како приоритети се економијата, зголемување на ефикасноста во извршувањето на работите на институциите, справувањето со пандемијата, борбата против криминалот и корупцијата, задржување на животниот стандард на граѓаните и посветеноста на унапредување на државата кон европското семејство, пишува Сафит Зеќири во колумната „Дали новата влада може да се нарече влада на отпорот?“

„Човештвото сега ги мрази умните, промислените, рационалните, и се оддава на водството и примерот што го даваат лудаците и површните во секоја област, закачени на најтемните пориви на човековата психа. Ако е за некаква утеха, сепак има тука и некаква „космичка правда“ – токму најревносните следбеници на тоа лудило, ќе бидат и неговите први и најголеми жртви.

Преживувањето на човештвото веќе е сведено на ниво на теоретска шанса и чудо. И да преживее некој, тоа нема да бидат најспособните, ниту најмоќните, туку – најсреќните.“, Петрит Сарачини во колумната „Каква иднина си крои човештвото?“.

!Според претседателот Бајден, „повторно сме ангажирани во борбата меѓу демократијата и автократијата, меѓу аспирациите на многумина и алчноста на малкумина, меѓу правото на луѓето за самоопределување и автократот во потрагата по самиот себе“. Тој кажа дека „од Кина до Русија и пошироко, тие се надеваат дека деновите на демократијата се избројани. […] Тие се надеваат дека Америка е место за автократот, диктаторот, силникот. […] тоа е нешто што никогаш не треба да бидеме“.

Претседателот Бајден гласно кажа што се случи и што се случува со американската, но и со светската демократија во денешно време. Тоа беше директен, искрен и емотивен говор, ослободен од дипломатски заобиколувања.“, прочитајте во едиторијалот од Џабир Дерала „Блескав и незаборавен говор на американскиот претседател Бајден, „Големите лаги“ на трампизмот растурени на парчиња“. 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ