Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција, oва вчера го најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во синоќешното гостување на емисија во ТВ Телма. Таа рече дека најавената реконструкција ќе се случи наскоро.
„Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во собранието“, рече Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.
Се очекува осуммина министри да ги предадат фотелјите, извори од владината коалиција велат дека дел ќе бидат ротации, а дел нови решенија. Освен на министерско ниво, новиот кадровски бран ќе опфати и над 20 директори.
Засега се знае дека министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и ќе продолжи да работи во партијата.