Телекомуникацискиот оператор „Vip“ од вчера го промени нивниот бренд и во воведоа новиот бренд „А1“, со кој отсега ќе бидат означени нивните производи и услуги.
„Со овој процес, компанијата го презема брендот на нашата Групација – А1 Telekom Austria Group, како дел од стратегијата на Групацијата да обезбеди поголема препознатливост и еднакво искуство за сите свои корисници. А1 Telekom Austria Group обезбедува дигитални услуги и комуникациски решенија на над 25 милиони корисници во повеќе европски земји како: Австрија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Белорусија и Србија“, велат од компанијата.
Според нив, промената на брендот и на називот на компанијата нема да влијае врз постоечките договори и тарифните модели, кои остануваат во важност и ќе продолжат да се применуваат под истите услови.
„Сакаме да истакнеме дека кај одредени постоечки тарифни модели извршена е промена само на називот на тарифата (на пр. тарифниот модел Vip Combo ќе се преименува во A1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност непроменети“, додаваат од компанијата.
А. П.












