Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостување на ТВ Алфа истакна дека Македонија во 2025 година ќе го достигне врвот во економскиот раст во регионот. Тој оваа проекција ја припишува на „добрите економски политики“ на Владата и нагласи дека тие се тесно поврзани со мерките за борба против корупцијата и криминалот.
Николоски потенцира дека македонската дијаспора игра значајна улога во зајакнувањето на домашната економија. Тој ги повика заинтересираните од дијаспората да инвестираат, нагласувајќи дека свежиот капитал од странски извори е неопходен за раст.