• Latest

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена

November 9, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена

November 9, 2021 15:32
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена на барање на Комисија за проценка на енергетскиот сектор во државата, формирана од Министерството за економија.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

-Единствена цел на прогласувањето кризна состојба е подобрување на ликвидноста на енергетските компании за да можат континуирано да ги снабдуваат домаќинствата и да се стабилизира состојбата на пазарот со електрична енергија. Нема да има никакви рестриктивни мерки за граѓаните и компаниите, рече Бектеши и додаде дека за таа намена на енергетските компании ќе им бидат трансферирани околу четири милијарди денари од Буџетот.

Владата во моментов, нагласи, е фокусирана на успешно справување со предизвиците настанати од глобалната енерегетска криза.

-За остварување на таа цел, вклучени се раководствата на сите компании од енергетскиот сектор и владини институции. Во моментов работиме на ставање во функција на сите енергетски капацитети со цел да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и со тоа да спречиме поголеми ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи, посочи Бектеши.

Прашан дали ќе има одговорност за состојбата, рече дека му е препорачано на Управниот одбор на ЕСМ да ја извести Владата за начинот на кој работела компанијата во сите подружници и согласно добиените информации ако се утврди дека не е работено согласно плановите Владата ќе препорача да преземе мерки.

-Мое лично мислење е дека треба да има одговорност, но првично треба да се справиме со енергетската криза, а потоа ќе зборуваме и за конкретна одговорност кој потфрлил и зошто, рече Бектеши и додаде дека на денешната седница не било разговарано за евентуална оставка на генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања истакна дека е во тек евалуацијата на пристигнатите понуди за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и посочи дека ТЕЦ Осломеј треба да биде во функција од 1 декември, во РЕК Битола веќе е вклучен Блок 1, а за неколку дена треба да биде ставен во функција и Блок 2.

На 30 октомври, Владата донесе Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Со оваа Уредба се утврдуваат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба и мерките што се преземаат во случај на кризна состојба настаната поради временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во услови на кризна состојба, како и правата и обврските што произлегуваат.

Токму заради тоа, како што рече Бектеши, операторот на преносниот систем МЕПСО изготви извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година. Според доставениот извештај Комисијата процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија.

-Ваквата проценка на ризици се темели на неколку основи заради капацитетите на домашното производство, но и заради зголемените цени на странските берзи, прецизира Бектеши.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ