Владата во Албанија сооопшти дека ги исполнила барањата на студентите низ државните универзитети кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели.
Во документот стои дека Владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите.
Данокот за студирање ќе се намали за подобрите студенти, кои ќе земаат 10.000 леки (92,5 долари) месечно стипендија. Сите други ќе плаќаат двојно помал данок.
Пакетот содржи и зголемување на буџетот, кој се дели на државните универзитети, за пет проценти од бруто домашниот производ и сместување за подобрите студенти.
Еден од организаторите на протестите, т.н. група „За универзитетите„ изјави дека одлуката на Владата дошла многу доцна, но и дека групата не е задоволна од високиот данок за магистратура.
А.М.