Вицепремиерот на европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на сите земји членки на ЕУ, кои го организираат министрите за надворешни работи на Грција и на Романија, Јоргос Катругалос и Теодор Малешкану.
Димитров и Османи се дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев кои ќе учествуваат на утрешниот редовен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Со состанокот ќе претседава Заев, со оглед дека има ротирачко претседателство, и сега е редот на премиерот на Северна Македонија. Копретседавач ќе биде високата претставничка на ЕУ и надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
За време на дводневна посета на Брисел предвдиена е и средба меѓу Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Како дел од владината делегација ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.