• Latest

Власта уверува дека струјата нема драстично да се покачи, политички спин е дека ќе се приватизира Брзата помош, МВР со акции против пиротехнички средства

December 16, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Власта уверува дека струјата нема драстично да се покачи, политички спин е дека ќе се приватизира Брзата помош, МВР со акции против пиротехнички средства

December 16, 2021 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Битиќи: Цената на електричната енергија и по 1 јануари ќе биде најниска во регионот

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за толку колку што тврдат некои од медиумите и порачува дека и тогаш ќе биде најниска во регионот.

-Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека  цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Националниот координатор за интеркултурализам и едно општество за сите, Роберт Алаѓозовски на панелот на ЦИВИЛ „Едно општество за сите, сегашност и перспективи“, истакна дека Стратегијата „Едно општество за сите“, и покрај огромните предизвици, е жива и функционира. 

 

На панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември 2021 како дел од годинешното издание Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, преку специјално интервју на оваа тема учествуваше и министерката за образование и наука во Владата на Северна Македонија, Мила Царовска.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

СТРУЈА Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека останува на ставот дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто.

Во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) се наведува дека 488 медиумски работници ширум светот се во затвор.

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денеска ја одржа првата седница на новиот состав со која претседаваше националниот координатор Златко Апостолоски.

МОН Министерката за образование и наука Мила Царовска е задоволна од спроведувањето на новата Концепција за основно образование, која  почна да се применува од почетокот на учебната 2021/2022 година во прво и во четврто одделение, според нови наставни програми изработени од Бирото за развој на образованието (БРО).

ЗДРАВСТВО „Не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Во Законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, вели министерот за здравство, Венко Филипче. Во изјава за Слободен печат, Филипче посочи дека покрај јавно здравствената установа, итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватните установи „Неуромедика“, „Жан Митрев Клиник“, а со транспорт сега започнува и „Никоб“.

АА Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Aрбен Таравар, најави повлекување од високата партиска функција, поврзувајќи ја со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори. Додека лидерот на партијата Зијадин Села ќе понуди оставка од лидерската функција.

ГРАД СКОПЈЕ Стопиран е тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ) кој беше објавен на страната на Европската банка за обнова и развој. Градоначалничката Данела Арсовска по доаѓањето на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, а сега тој и официјално е прекинат, пишува СДК.

МВР Сообраќајни полицајци успеале да откријат и запленат над 26 илјади парчиња пиротехника утринава на наплатна станица за патарина кај тетовско Желино. Пиротехниката била најдена кај 53 годишен жител на Скопје, кој е приведен.

Лидерите на ЕУ денеска, на нивниот последен состанок годинава во Брисел, ќе разговараат за пандемијата, цените на енергијата и за безбедносни прашања. Главна тема ќе биде борбата против Ковид-19. Учесниците најверојатно ќе разговараат за можноста за воведување задолжителна имунизација, но не се очекува да се донесат одлуки.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во суштина, сите етнички заедници се еднакви – сите ги плаќаат апетитите на своите политички претставници.

Од друга страна, иако националистите сакаат да веруваат и да постапуваат поинаку, човековите права имаат едно силно „антинационалистичко својство“.

Не може никој да го даде тоа што веќе им припаѓа на сите, а тоа се човековите права и слободи. Тоа е така според Уставот, законите и меѓународното право. Нема ништо поедноставно од тоа, само треба да се следи словото на законите и принципите на недискриминација. Но тоа е неспоредливо полесно да се каже, отколку да се спроведе!“, пишува Џабир Дерала во колумната „Чудовиштето на национализмот“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ