Најиноватинвните и инспиративни дигитални активисти и граѓански медиумски заедници од целиот свет денеска учествуваат на самитот Global Voices, за да ги истражат врските помеѓу отворениот интернет, дигиталното раскажување приказни и виртуелните движења околу светот.
Разговорите, панелите и работилниците на Самитот се организирани во пет тематски целини кои се однесуваат на приказните раскажани од луѓето кои се најмногу погодени од истите, известување за конфликти без филтри за национална безбедност, родово известување без предизвикувачи, протестирање без безнадежност, актерите на отворената мрежа, силата на мрежите и ризиците кои ги носи истата, вистината, лагите и вестите, јазиците и моќта.
Покрај останатите говорници на Самитот ќе говори и Филип Стојановски, програмски директор на Фондацијата Метаморфозис.
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.