(пренесено од веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ)
Соопштение до јавноста, реакција на дезинформациите објавени во медиуми за наводен напад од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ врз пеач што снимал спот за ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ ги демантира и најостро ги осудува лажните обвинувања на ЦИВИЛ дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ претепале пејач што снимал спот за ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународните донатори на ЦИВИЛ за нивните партиско политички активности.
При бруталниот напад на градоначалникот и кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, ЦИВИЛ бесрамно лажеше и ја манипулираше јавноста дека станува збор за некакво приватно недоразбирање, а не за крвав напад инспириран од политички побуди.
ВМРО-ДПМНЕ бара МВР веднаш да го расчисти инцидентот и да не дозволи невладините организации под контрола на СДСМ и нивните медиуми да злоупотребуваат вакви инциденти.