Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Основниот суд Скојпје 1 донел решние со кое се изрекува привремена мерка за обезбедување на имот на ВМРО -ДПМНЕ. Со оваа одлука се замрзнуваат 69 недвижнини на партијата вклучително и седиштето на ВМРО -ДПМНЕ.
„Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“, стои во соопштението на СЈО.
Предметот „Талир“ се однесува на перење на пари, односно на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно за злоупотреба на 4,9 милиони евра. Се работи за 71 договор за купување недвижен имот, платен од овие незаконски стекнати пари, а дел од имотот не бил во функција на остварување на целите на партијата и не се користи за партиски цели, без партиски обележја.
Б. Ј.