Тензиите во комисијата за труд и социјална пилитила ја одложија дебата за покачувањето на мимималната плата. Причина за оваа ситуација беа предлогот на пратеникот Самка Ибрахимовски и одбибањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за на иста седница каде на дневен ред е покачувањето на минимална плата, да се додаде и точката за обештетување на стечајците.
На предлогот на пратеникот Ибрахимовски, прв одговори претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, кој рече дека за таа точка треба концензус, во спротивно тој се закани дека опозицијата има меканизми за да ја блокираат процедурата ако мнозинството инсистира со гласање да го промени дневниот ред. Потоа други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Деловникот не дозволува точка од друга седница каде е на второ читање да се додаде на оваа седница.
По ова објаснување Ибрахимовски даде нов предлог, за по завршување на седницата за минимална плата да се свикува седницата каде на дневен ред е законот за стечајците.
Дебатата кулминираше со обвинувања меѓу спротиставените табори. Ѓорчев обвини дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не доаѓа на комисија, и додаде дека инсистира на нејзино присуство. Тој не одговори дали по завршувањње на оваа комисиска седница ќе ја свика седницата за стечајците, а на предлог на многу пратеници, даде 30 минути пауза за консултации и дополнителна кординација за надминување на оваа ситуација.
Арбен Зеќири