Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира дека власта, без консултации со опозицијата, насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, кој, според нив, нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава.
„Аболицираниот Заев треба да разбере дека пописот не треба да го користи за политички цели. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка операција, со пописот не треба да се манипулира со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси. Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата.
Ако Зоран Заев не сака да ја доживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името треба веднаш да се откаже од ваквата монструозна идеја околу пописот.
Време е аболицираниот Заев и неговата банда да сфатат дека сите функции се минливи. Процесот со попис мора да запре, а препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија“, додаваат од партијата.
Д. М.