Наместо досегашните десет пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира една пратеничка група.
Оваа одлука беше донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. На местото на Драган Данев кој пред неколку дена се повлече од функцијата, доаѓа пратеникот Никола Мицевски од Штип, како нов координатор на пратеничката група.
За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.
По серијата повлекувања и оставки, вчера претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски, претседателот на градскиот Комитет на унија на млади сили, Томи Кепевски и претседателот на Унија на млади сили во Карпош, Јован Никушевски.
Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.
Одлуките на Извршниот комитет треба да бидат верификувани и од Централниот комитет. Членот на Извршниот комитет, професорот Трајко Славески изјави дека е изненаден од одлуката на Рангелова и Кржаловски да поднесат оставки.
К. С.