• Latest

Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

September 20, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

September 20, 2021 12:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и пандемијата со Ковид-19 се комплексни предизвици за чие откривање, спречување, е неопходен современ регионален пристап и заедничка стратегија за делување.

Тоа меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците на вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена ќе се одржува на подрачјето на Охрид и Струга.

Оливер Спасовски со обраќање пред учесниците на вежбата „Северна Македонија 2021“

Според Спасовски, цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби е од круцијално значење и основна обврска на членките на НАТО – Алијансата при градењето отпорност кон сите закани и предизвици.

Тој посочи на заедничките евроатлантски вредности – јакнењето на единството и солидарноста како темел и суштински двигател на меѓусебното приближување на државите од регионот.

– Оттука се очекува сите ние посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели, насочени кон превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото и почитување на меѓународното право. Тоа подразбира заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, бидејќи само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитет, одржливост и стабилност на државите. Република Северна Македонија покажа на дело дека посветеноста кон заедничките вредности не само што е можна и посакувана, туку е и единствено прифатливо решение за современите предизвици, рече тој.

Согласно сценариото на вежбата, ќе се реализираат активности што третираат повеќе области како елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, спасување и укажување помош на граѓани, што претставува одлична основа за развивање капацитети и способности за градење регионален пристап и стратегии со цел соодветно спротивставување, сузбивање на криминалните дејствија и преземање конкретни мерки на дејствување.

Спасовски изрази уверување дека со дигитализацијата на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија со примена на веб-базираната алатка NICS (Next Generation incident Command System) ќе се придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата меѓу субјектите во рамки на системот.

Помошникот Генерален секретар за операции на НАТО, Џон Манза, истакна дека членството на Северна Македонија во НАТО носи обврски, но дава и можности, преку вакви обуки и тренинзи да се увежбува отпорноста и способноста за справувањето со предизвиците било да се предизвикани од природни непогоди или од човечки фактор.

– Оваа 19-та вежба е доказ за нашата отпорност. На неа ќе бидат третирани реалистични сценарија, како добра можност да демонстрација на интероперабилност во решавање заедничките проблеми. Преку заедничкиот команден систем ќе ги координираме активностите, ќе ги зајакнуваме вештините, но и ќе градиме пријателства што на овие активности и даваат уште подлабока димензија, рече меѓу другото Манза.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од своја страна истакна дека придобивка е што членството во НАТО дава можност за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата што, како што посочи, „да се учи и тренира под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо-обучен систем на чија поддршка може да се смета во секое време и во секоја ситуација“.

– Вклученоста во оваа НАТО вежба претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност да се пружи поддршка на националните власти со цел зајакнување на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи предизвикани од човек. Тоа вклучува подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, односно зацврстување на националниот одговор при итни ситуации, рече Ангелов.

Сценариото на вежбата разработува активности за справување со последиците од катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на расположивите ресурси за одговор, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капацитети за справување со кризата.

На вежбата ќе учествуваат речиси 700 претставници од 28 држави членки и партнери на НАТО и неколку меѓународни организации. Вежбата ќе им овозможи на екипите за брза реакција во кризи, но и на планерите и проценителите да разработуваат и увежбуваат активности за потрага и спасување во урбана средина, но и на вода и во планина, потоа вежби на медицински тимови за итни случаи, но и активности на екипи за детекција и идентификација на хемиски, биолошки и радиолошки агенси, како и активности поврзани со дезинформации.

Во рамки на вежбата ќе се организира и дводневен научен ВИП симпозиум со учество на високи претставници на НАТО, на државите-членки на Алијансата, државите-партнери, меѓународни организации и невладиниот сектор.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ