Љубов Собол, адвокатката на Фондацијата за борба против корупција на Алексеј Навални денеска е приведена од полицијата од засега непознати причини на само неколку часа пред планираните протести на национално ниво, со барање за итно ослободување на затворениот опозициски политичар.
Московскта полиција ја притоври и Кира Јармиш, портпаролката на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, при напуштање на нејзиниот дом, иако е во домашен притвор со дозвола за излегување еден час дневно.
Властите во Москва соопштија дека не дале дозвола за протестите, оценувајќи ги као незаконски, со предупредување граѓаните да не излегуваат на улица.
Навални е во лоша здравствена состојба по веќе три недели штрајк со глад. САД ја повикаа Русија да дозволи независни лекари да го посетат Алексеј Навални, со предупредување дека Москва ќе сноси последици доколку нешто му се случи додека е во затвор.