• Latest

Во Србија заразени 3.380 лица од кои 441 здравствен работник, вкупно 74 починати лица

April 12, 2020

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија заразени 3.380 лица од кои 441 здравствен работник, вкупно 74 починати лица

April 12, 2020 15:17
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се три нови смртни случаи, две жени и еден маж, на просечна возраст од 68,9 години, со што вкупниот број на починати изнесува 74 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се најмногу граѓани од појавата на вирусот- 2159 лица, од кои позитивни на вирусот се 275 случаи, со што вкупно заразени во Србија има 3380 лица, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, министерот за здравство Златибот Лончар.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 16.399 лица.

Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 2436 пациенти, од кои 145 лица се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Лончар.

Во карантин за полесните случаи на епидемијата, на Белградскиот саем сместени се 323 лица, во спортскатa сала Чаир во Ниш и хотелот Ценротурист има 361 лице, а на Новосадскиот саем сместени се 127 пациенти.

-Во Србија евидентирани се и 441 здравствен работник позитивни на вирусот, од кои 258 лица се хоспитализирани во болниците како средни и тешки случаи, додека останатите се наоѓаат во карантин, изјави министерот за здравство.

Тој додаде дека во Домовите за стари лица во Србија евидентирани се 32 лица позитивни на коронавирусот и 13 вработени, деамантирајќи присуство на коронавирус кај денес починатите две лица во Домот за стари лица во Смедерево.

Според евиденција на министерството за здравство од епидемијата се лечат и 27 деца, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Со одлука на владата денешната прес конференцијата се одржа без присуство на новинарите, така да министерот за здравство со лекарите од кризниот штаб одговараа на повеќе од 100 прашања доставени преку маил.

На првото прашање за точноста на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека 80 отсто од 400.000 српски државјани кои дошле од странство се заразени со вирусот, Лончар одговори дека отсега кризниот штаб нема да се бави со политика, а за владината одлука прес конференциите да се одржуваат без новинари, кажа:

-Ова е важна недела со најголема можност за пренесување на вирусот, кој има влезено во оделни новинарски агенции и редакции, поради што сакаме да се грижиме и да го спречиме ширење на инфекцијата, на што епидемиологот Предраг Кон кажа дека се согласил со оваа одлука, „иако во тој момент не размислил подлабоко“.

Во Србија во тек е 60 часовен полицискиот час кој почна во петок во 17 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ