Забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април се новите мерки што ги препорача Комисијата за заразни болести, а Владата, односно ги прифати, а ги соопшти премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот за здравство д-р Венко Филипче, заменикот мин. за здравство Илир Хасани и епидемиологот Жарко Караџовски.
Се воведува целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.
На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.
Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелите, за гостите сместени во објектите.
Се воведува забрана за посета на обложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.
Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.
Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.
Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.
На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.
Премиерот повика да се почитуваат мерките, да не се организираат прослави и собири.












