Categories

КОСОВО Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска, а на која ќе се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по српско време, и ќе биде отворена за јавност. На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конференција изјави дека денеска во Њујорк ќе се бори за Србија со сето срце.

„Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика. „Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ. „Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на тоа што Тачи го зборуваше“, рече тој.

Print Friendly, PDF & Email