Советот за безбеднот при Обединетите нации денеска ќе одржи вонредна седница за кризата во Венецуела.
Според најавите, на седницата ќе присуствуваат и американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаза.
Помпео во петокот најави дека ќе ги повика другите земји да го поддржат спикерот на венецуелскиот парламент, опозиционерот Хуан Гиаидо.
Гиандно се самопрогласи за претседател на државата во средата, по протестите на кои опозицијата бараше оставка од претседателот Николас Мадуро, кој на почетокот од јануари го започна својот втор претседателски мандат.
На ваквите реакции на Вашингтон, Мадуро ги прекина дипломаските односи со САД и побара американскиот дипломатски персонал да ја напушти Венецуела.
САД, повеќето земји-членки на Европската унија и неколку земји од Јужна Америка и Албанија, изразија поддршка за венецуелската опозиција. Другите земји, пак, како Русија, Кина, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа Мадуро.
Мадуро во мај по вторпат го освои претседателскиот мандат на изборите кои САД и ЕУ ги оценија како недемократски, а на 10-ти јануари ја положи свечената обврска на претседателската должност, и покрај западните притисоци да отстапи од должноста. Армијата на Венецуела засега го поддржува Мадуро, иако и во текот на минатата година имаше помали обиди за бунт во нејзините редови, за што Каракас ги обвинува разнавачките служби на САД.
Гуаидом, кој е нов на венецуелската политичка сцена но откако беше поставен за челник на Ѓарламентот се профилираше во опозициски лидер, ја опишува ситуацијата во Венецуела како „ситуација во којашто е нужна хуманитарна помош“, и ја повика војската да овозможи влегување во земјата на хуманитарна помош која тој ја побара до ОН.
И покрај тоа што поседува најголеми резерви на нафта во светот, како и други ресурси, Венецуела со години е под економски притисоци откако левичарската власт изминатата деценија ги скуси можностите на странските компании. Стапката на инглацијата е највисока во светот, а се проценива дека околу три милиони луѓе ја напуштиле земјата поради недостиг од основни продукти и поради политичките немири.
М. И.