Романското обвинителството води истрага за 16 возачи на Брзата помош кои се осомничени за крадење бензин од возилата, во период од 2013 до 2015 година, што можело да доведе до смрт на осум пациенти. Тие се сомничат дека полека возеле до болниците.
Возачите се суспендирани додека истрагата е во тек, објави агенцијата АП. Романската министерка за здравство, Сорина Пинтеа, рече дека е премногу рано да се каже дека ова кривично дело довело до смрт на пациентите.