Categories

АНКЕТА Воздухот во Битола е енормно загаден

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа, каков е воздухот во Битола, речиси сите битолчан(к)и се едногласни дека го чувствуваат загадениот воздух.

„Во Битола воздухот е релативно загаден како што е и во цела Македонија, очекуваме од властите да преземат мерки за расчистување на воздухот“, вели еден граѓанин.

„Почна грејната сезона и сега уште повеќе се чувствува загаденоста“, вели една граѓанка.

„Многу се чувствува загаденоста на воздухот, наутро кај Зоолошката гледаш темница, магла од загаденоста. Не може да се дишам, се задушувам“, додава друг граѓанин.

„Енормно е загадено. Преку ден не се чувствува толку, меѓутоа по 16 часот, односно навечер се чувствува многу загаденоста, многу е лошо“, истакна една битолчанка.

Дехран Муратов
Камера: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email