УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Вицовите за (не)интелигенцијата на полицајците се еден од најстарите стереотипи во многу култури. Но, прикаската за прилепските џандари, што се обидува на предизборната јавност да ѝ ја „продаде“ ВМРО-ДПМНЕ последниве денови, дека десетици припадници на тамошната полиција, на чело со локалните началници и командири на полициски станици, се организирале во ВИБЕР група (?!) за, во корист на власта, да вршат притисок врз гласачите со сопирање автомобили по улиците, навистина делува како врвна глупост – од тие што ја објавија! Арно што не му текнало на полковникот Драган Ковачки на партиската прес-конференција да ја облече и офицерската униформа на АРМ, за да делува што поуверливо и поавторитетно, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Знам дека си ти кога викам алооо…”.
Закани со убиства, бесење, прогони, затвор, ќотек, судења по кратка постапка…Во последните денови пред вториот круг на локалните избори се соочуваме со експлозија на навреди, говор на омраза и насилство, насочени не само кон кандидати и учесници на изборите, туку и кон други јавни личности, интелектуалци, новинари, граѓански организации и активисти. Иако се кривични дела што би требало да се гонат и казнуваат, овие закани кои неретко и се реализираат, остануваат – неказнети, пишува Петрит Сарачини во новиот Midnight express „ Што ќе се случи ако победат?“
ИЗБОРЕН РАПОРТ
ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 26-то издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ во вторник, на 26 октомври, со почеток во 12:30 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИЛ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.
Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ИЗБОРИ: Општинската изборна комисија Аеродром ќе им ги врачи уверенијата за избор на новиот градоначалник и на новите членови на Советот на Општината.
СЕДНИЦА: Владина седница за планот за забрзување на растот
КУЛТУРА: Прес-конференција на „Киненова“ со добитникот на наградата за особен придонес во филмската уметност во салата на Делегацијата на ЕУ во Македонија.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Конференција „Денови на доживотното учење“ во Големот амфитеатар на Филозофски факултет и на платформата ZOOM.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев