• Latest

Време е за плаќање

August 3, 2020
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Време е за плаќање

или боговите лично, пред глупоста остануваат неми...

August 3, 2020 08:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА 

(објавено во Утрински весник, на 17 април 2001 година)

Некогаш треба да се направи сметка. Едноставно да се удри црта и да се пресмета: до каде сме, колку сме потрошиле, на што отишле парите, кој колку изел, испил и дали сето тоа баш толку вреди и ни се исплати.

Перспективата на гледање на работите драстично се менува во зависност од тоа на кој дел од масата се седи, колкава е оддалеченоста од челото и дали ќе успееш во текот на оброкот да седнеш малку понапред (на местото на некој невнимателен кој станал  да појде до тоалет, паднал пијан под маса, му се слошило или едноставно отишол да се поздрави со некого таму на другиот крај од масата).

Според моите пресметки, ние овде на овој дел од масата, не стоиме баш добро. Само еден поглед фрлен од страна на сметката и веднаш е јасно дека тука нешто смрди и дека некој многу дебело ќе плати. И за избраниот ресторан и за луксузното опкружување и за нечиј позлатен прибор и скршените кристални чаши (кои со очи не сме ги виделе) и за  музиката што некому таму напред цела вечер му свири нежни песни на увце и за галантно поделените ружи (за дамите) и парфеми (за господата). Несразмерот меѓу цената што треба да ја платиме и она што го добивме, станува сè поголем и понесоодветен со секој саат поминат на заедничката маса.

Неочекувано висока цена стои зад ставката: демократија. Најавена како исклучително квалитетно предјадење кое го зголемува апетитот и нежно го разработува стомакот за она што доаѓа, на прв поглед се чинеше дека ја заслужува оваа цена. Факт е дека сите се согласивме дека без неа не се може, едногласно ја нарачавме и секој да добие во својата порција. За секого полна порција, без исклучок. Само не баш она што го очекувавме. Барем не за поголем број од луѓето околу масата. Всушност, не можам да зборувам за оние на чело на масата, ама она што поголемиот дел од граѓаните го добија во чиниите речиси наполно (иако не сосема) се разликуваше од сликата и составот дадени во менито под називот демократија. Се согласувате дека збиена безвкусна маса на централизирано управување, горчлива партиска диктатура и отсуство на каква било контрола (како зачин), со многу голем напор може да се подведе под поимот демократија. Застоената смрдеа на отпадоците од поранешниот систем покриени со француски прелив воопшто не го подобрува вкусот, а неверојатно ја крева цената и уште долго останува во устата и го шири својот непријатен здив наоколу.

За правната држава, исто така, сите кренаа рака. Воодушевено. Мешана порција од закони, структура, систем, лесно зачинета со процедури и правила. Во фурна, на домашен начин. Многу ветуваше. Добро испечени и заруменети, со неверојатна миризба која се ширеше наоколу предизвикаа весело одобрување кај сите присутни на масата. Само не дознавме какви се на вкус. Секоја од прекрасните творби се распаѓаше и се претвораше во права на првиот допир. Не е да ги немаше. Ги носеа од сите страни, во огромни количества, кое од кое поубаво и помиризливо. Оние што не се распаднаа при обидите да бидат искористени во нивната намена ене ги уште стојат како украс на масата.

Некаде во средината на оброкот, на овој дел од масата, се слушнаа гласишта дека подигањето на стандардот било послужено како главно јадење. Не го видовме. Раскажуваат дека било навистина неверојатно (и на изглед и на вкус). Огромен послужавник на изобилство. Добро потпечен бизнис (одгледуван на бескрајните зелени ливади на општествената сопственост и хранет на државни јасли) со крцкава коричка од бенефиции, гледање низ прсти, партиско попуштање и надзаконие. Богатиот гарнир од шверц, црн бизнис, корупција и насилство бил вкусно аранжиран во поголеми и помали порции кои ги мамат очите и ги дразнат непцата, расфрлени на повеќе места на масата. Се делеле во огромни количества, луѓе се задавувале од лакомост, маст течела на сите страни. На приказните им нема крај. Секој само грабал, што ќе посака или што ќе стигне. Лудница. Една фрлена коска го погоди комшијата до мене. Еј, тоа беше коска! Со часови во сласт ја шмукавме.

Како десерт беа послужени слободата на пазарот и претприемништвото заедно со мерките против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Неверојатно богат избор на грчки баклави со раскошен крем од партиски претпријатија. Секој колач беше посипан со парчиња чоколадо од најквалитетни дозволи за увоз без царински такси и кандирано овошје од најразличен вид квоти и други дозволи. Празник за очите и за стомакот. Уставните судии кои се заинтересираа за рецептот беа со гнасење отстранети од масата. Тие на подолните делови од масата за десерт добија гурабии.

На крајот од обилниот ручек, за подобро варење на тешката и висококалорична храна, беа послужени човековите права и базични слободи. За да се свари сета таа маст навистина беа потребни јаки и квалитетни дигестиви. И ароматични. И обилни. Не ги пробавме, меѓутоа миризбата беше навистина неверојатна. На  човек веднаш му се разгалува срцето и помалку го слуша кркорењето на цревата.

Сега треба да се удри црта и да се направи сметка. Само имаме мал проблем. Оние кои во различни периоди се врткаа на челото и околу челото на масата, оние што го направија најголемиот цех и што е ред да платат нагло исчезнуваат од видик. Не бегаат, никако. Важен состанок, некој ги викнал на мобил, лошо варење, некои мораат итно во странство. Сите имаат многу уверливи и јаки причини. Така барем изгледаат кога ги кажуваат барајќи го нашето разбирање за ситуацијата, околностите и пошироките светски движења.

Сè на сè, со келнерот очи в очи останува обичниот човек. Оној кој цело време се туткаше на крајот од свечената трпеза, и кој за време на целиот  оброк брчкаше во чинивчето со свената салата и  цврцкаше чиста вода (збогатена со хлор). Не се осмелува да погледне во строгите очи на тој што наплаќа и во долгата листа на направениот цех, и се препотува од срам, чувствувајќи дека овде некој е многу изигран и многу глуп (и сè повеќе му се чини дека тој некој е самиот тој).

 


Во соработка со проф. Мирјана Најчевска, Редакцијата претставува серија текстови објавени пред повеќе години, а кои со својата актуелност изгледаат како да се напишани денес. Со нив, како што вели и Авторката, се илустрира нашиот долгогодишен „лет во место“.
Share43Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ