Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Утринската температура ќе се движи од 16 до 23 степени, а дневната температура од 31 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до 21 степени, а дневната температура до 38 степени
.Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.