Според најавата на Управата за хидрометеролошки работи, се очекува влошување на временските прилики уште во текот на денешното попладне.
„Под влијание на серија влажни бранови денес попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град“ – се вели во најавата на метеоролозите.