Според најновите информации, уште четири лица, учесници во синоќешната оружена престрелка во Тетово, ѝ се предале на полицијата. Претходно, тетовската полиција ги објави иницијалите на дел од уапсените и инволвираните лица во вчерашниот вооружен инцидент во центарот на градот, за што вчера во текот на ноќта објави ЦИВИЛ Медиа. Локалните тетовски медиуми отидоа чекор подалеку и, повикувајќи се на доверливи извори, тврдат дека во вооружената престрелка учествувал и висок функционер на партијата ДУИ.
Така, според порталот PaCensurë станува збор за поранешен заменик директор на УЈП од ДУИ. На ова функција од градот Тетово бил само Мухамет Амети, а по него на истата функција бил и Аргетим Хасани од Струга, убиен во еден предходен вооружен инцидент, во јули 2013 година.
Според сведочењата на очевидци, во вчерашниот инцидент имало и еден ранет, но од полицијата не дават таков податок. МВР денеска ги потврди информациите што ЦИВИЛ Медиа ги даде во своите првични информации, а тоа е дека конфликтот почнал во казиното „Алајдин“, за потоа да ескалира во со жестока престрелка на главната тетовска сообраќајница, булевар „Илирија“ .
Од МВР информират дека припадниците на полицијата веднаш излегле на местото на настанот, каде е констатирано дека на инцидентот му претходела расправија во казиното мего лицето Х.М.(34) од една страна, Д.М.(34) од село Лаце и Б.Д. (43) од Тетово од друга страна. Потоа, тие излегле надвор на улица и пукале со огнено оружје.
Во полициската станица Тетово се уапсени и издржени учесниците на оваа престрелка Б.Д. и Д.М. како и 28 годишниот Р.Џ. од село Шипковица.
А.З.
Претходни содржини на истата тема:
Тројца уапсени по престрелката во Тетово
Жестоки пукотници во центарот на Тетово
Преземање на содржините е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.