Опозициската Партијата на слободата и правдата (ССП), ја информираше јавноста дека српскиот претседател Александар Вучиќ подготвува апсење на Мариника Тепиќ, Драган Ѓилас, Здравко Понош и Милош Јовановиќ, како и други лидери на опозицијата, под лажни обвиненија за тероризам и поткопување на уставниот поредок, пренесе Н1.
„За да се овозможи овој политички прогон, режимот на телефонска седница на Административниот комитет на Народното собрание ќе донесе одлука за укинување на имунитетот на пратениците од опозицијата, со што ќе се овозможи непречено апсење. За ова се информирани сите членови на оваа собраниска комисија од СНС“, се вели во соопштението на ССП.
Се нагласува дека ова е „уште еден очајнички потег на диктаторот да се обиде да ги заплаши граѓаните и да го оправда насилството што го подготвува“.