„Денешниот ден е историски. Денес се пишува нова страница за Балканот“, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на својот официјален фејсбук профил, по изгласувањето на ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.
Σήμερα είναι μια μέρα ιστορική. Η Ελλάδα θωρακίζει σημαντικό κομμάτι της ιστορίας της, την κληρονομιά της αρχαίας…
Gepostet von Alexis Tsipras am Freitag, 25. Januar 2019
„Следните генерации и во двете земји им должат благодарност на пратениците кои со храброст и смелост ги поставија темелите за иднина на мир, солидарноста и хармоничен соживот меѓу двата народи. Северна Македонија која што се роди денес ќе биде земја пријател, сојузник и поддржувач на Грција во нејзините напори за безбедност, стабилност и заеднички развој во регионот“, напиша грчкиот премиер.
По изгласувањето на Договорот, честитки до премиерот на Грција упати македонскиот премиер Зоран Заев.
Честито мој пријателе @tsipras_eu, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа. pic.twitter.com/o0VV5GGnZb
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 25, 2019
„Честито мој пријателе, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, му напиша Заев на Ципрас.
М. И.