• Latest

За Јакимовски се смешни прашањата од медиумите, новинарите со осуда, стабилното мнозинство е приоритет за коалициските партнери

November 5, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

За Јакимовски се смешни прашањата од медиумите, новинарите со осуда, стабилното мнозинство е приоритет за коалициските партнери

November 5, 2021 16:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

За Јакимовски се смешни прашањата од медиумите, осуда од ЗНМ и ССНМ за омаловажувачкиот однос на градоначалникот

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ги обвини новинарите дека „оркестрирано од еден центар“ дошле денеска на неговото судење, а неколку пати им повтори дека смешни им се прашањата за неговата одговорност за злоупотреба на над 700 илјади евра од општинскиот и државниот буџет.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) веднаш го осудија денешниот непримерен и омаловажувачки однос на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски кон новинарите за време на изјавата пред Кривичниот суд.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Приоритет е зачувување на парламентарното мнозинство, тоа е волја на сите коалициски партнери

„Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и секако, да ја најдеме најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, бидејќи има расположение, има одлука да се продолжи, а да нема избори во овој момент“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во врска со информациите дека СДСМ планира следната недела да го објави името на новиот мандатар, но и дека коалицискиот партнер ДУИ смета дека прво треба да се избере нов лидер на СДСМ, а дури потоа да се оди со мандатар, како и тоа дали се работи за нарушување на коалицијата со ДУИ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Државната изборна комисија денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои треба да ги заменат пратениците кои беа избрани за градоначалници на завршените локални избори.

ЧЕСТИТКА ЦИВИЛ им го честита 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик, на граѓанките и граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Bahtalo 5 novembro, sumnaleskoro dive bashi romani chib.

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на ромскиот јазик и култура, како дел од нашето македонско културно богатство и богатство на целото човештво.

ПРАВДА Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено бидејќи обвинетиот о Јакимовски до Судот приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.

АВМУ Нема прекршувања на одредбите од Изборниот законик при известувањето во вториот круг од изборната кампања, констатира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

АВМУ денеска го објави Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во вториот круг од изборната кампања (од 18 септември до 29 октомври 2021 година), а со мониторингот беа опфатени вкупно 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења и Клан Македонија и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ1, МРТ2, Собранискиот канал и Првата програма на Македонското радио (МРА1).

СОРАБОТКА Северна Македонија и Албанија како земји  сојузнички во НАТО денес се соочуваат со поголем потенцијал и можности за развој на соработката, оценија на денешната средба во Скопје министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот албански колега Нико Пелеши, кој престојува во прва официјална посета на земјава.

ДЕМАНТ Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во целост ги демантира наводите за апсења или инволвираност на нејзини вработени, изнесени во текот на вчерашниот ден во повеќе медиуми.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како и да е, јасно е дека Заев нема да биде на извршното чело на државата кон средината на декември, кога Софија ќе одлучува „какво става“ со прашањето за продолжувањето на македонската интеграција во ЕУ. Колку што успевам да следам, во бугарската јавност (повремено со триумфализам – што би рекол, во сличен самозадоволен контекст, еден легендарен балкански лузер каков што е Шешељ: „Така завршуваат слугите на Западот!“) е јасен впечатокот дека тие одиграа една од поважните улоги во падот на Заев. Истиот впечаток се споделува и во Брисел, иако е за очекување и ова лицемерие европејците брзо да го „преболат“.“, Сашо Орданоски во колумната „Каде оди овој брод?“.

„Без граѓанинот кој е подготвен секојдневно и во секоја ситуација да делува на начин кој ја обезбедува заедничката зелена иднина, не може да стане збор за поставување на нејзините темели и нејзина изградба (како збир од вредности, посебен начин на однесување, свест за последиците од сопствените активности, односи кои ја имаат предвид различноста и социјални параметри кои не запоставуваат и занемаруваат ниту еден човек во процесот на развој и напредок).“, пишува Мирјана Најчевска во колумната “Зелената иднина е можна со демократија, активни граѓани и владеење на правото“.

„Најголемиот раст на долговите е по основ на камати за несиплатените долгувања. Земените кредити се посебна приказна, зашто не е запазена динамиката на нивното враќање и каматите се натрупале. Некаде тие кредити се земани за поддршка на локалните јавни претпријатија, а општината, како основач на претпријатијата, го презема долгот. Каматите за некои кредити се веќе поголеми од износот на кредитот кој е земен.“, Војо Маневски во колумната „Чии се нашите кредити?“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ