пишува: Џевдет Хајредини
КОИ СЕ ЗАБЕЛЕШКИТЕ ОД ФРАНЦИЈА, ХОЛАНДИЈА И ГЕРМАНИЈА?
Зошто Заев јавно не ги соопштува забелешките на Франција, Холандија и Германија, кои се причина што не ни се даде „кристално чистата препорака“ на Бујар Османи, за датумот за почеток на преговорите за влез во ЕУ?
Наивна изгледа грижата на тие кои тврдат дека ЕУ е неправедна и дека ќе го изгубела кредибилитетот.
КРЕДИБИЛИТЕТ
Граѓаните на С.Македонија имаат право од владата да бидат информирани зошто не ја добивме „кристално чистата препорака“, како што минатите месеци се обидуваа да нѐ убедат некои нејзини функционери.
Не е доволно сега да се кажува само дека ЕУ била неправедна спрема нас, зашто тоа не е точно или дека ќе го изгубела кредибилитетот. Напротив, има основа да се сомневаме во кредибилитетот на нашата влада во која има членови на кои местото не им е тука.
МЕТЛА
На прсти можат да се бројат тие што Заев не треба да ги брише со „метлата“.
Ова не важи за тие што него не го признаваат за надлежен и кои на работа не мора ни да дојдат.
*
Побргу ќе ја добиеме поканата од ЕУ, отколку Заев да ја употреби одамна најавената “метла”.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.