ИЗБОРИ Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска во 17 часот ќе го потпише Решението за распишување избори за членови на советите на општините, и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Потоа ќе следи изјава за медиумите од Џафери. Изборите ќе се одржат на 17 октомври 2021.
ИНТЕГРАЦИИ Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе го посети Југоисточниот плански регион.
20 години ОРД Денеска во 12 часот во Струга ќе се одржи панел-дискусија на тема: „…после Охридскиот рамковен договор“, организирана од Општина Струга по повод 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор.
ИНТЕГРАЦИИ Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе го посети Југоисточниот плански регион( Дојран)
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување












